Асфалтирање на локалниот пат Кадино – Мралино

Општина Илинден интензивно работи на подобрување на патната инфраструктура. Во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта извршено е асфалтирање на локалниот пат Кадино – Мралино во должина од 500 метри, како и воспоставен систем за одведување на атмосферските води од коловозот на локалниот пат.
 
Во општина Илинден на повеќе локации се спроведува голема акција за пошумување, во рамки на проектот „Зелена Општина Илинден“. Во рамки на акцијата која ќе трае во наредниот период ќе бидат засадени над 2000 садници од повеќе видови, а целта е да се придонесе за подобрување на квалитетот на воздухот, унапредување на животната средина, како и подобрување на условите за живеење.
 
Приоритет во работењето на локалната самоуправа во областа на патната инфраструктура е превенцијата во сообраќајот, односно зголемувањето на безбедноста на учесниците во сообраќајот, особено на најзагрозената категорија пешаците и велосипедистите. Во тие рамки е реализацијата на Проектот за подобрување на безбедноста во сообраќајот, патна сигнализација, пешачки патеки, кој има за цел подобрување на хоризонталната и вертикалната сигнализација, велат од oпштина Илинден.
 
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски направи увид во изградбата на фекална канализација за дел од населеното место Кадино, во Општина Илинден.
 
Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, денеска направи увид во изградбата на фекална канализација за дел од населеното место Кадино во општина Илинден.
 
Општина Илинден продолжува со реализација на проектот „Илинден-Светла Општина”, кој опфаќа проширување и модернизација на уличното осветлување, со поставување нови линии на улиците во сите населени места, поставување на електрични столбови, зголемување на бројот на електрични светилки и тековно одржување на јавното осветлување.
 
И оваа година Општина Илинден ги вклучува граѓаните во креирањето на Буџетот за наредната година, такашто од денеска 12.11.2024 година до 29 ноември 2024 година ќе се реализира процесот на изработка на новиот Буџет за 2025 година.
 
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, оствари работна средба со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
 
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски присуствуваше на промоцијата на новото патничко возило на Средното општинско стручно училиште „Илинден“.
 
Жителите од населеното место Бујковци добија комплетно реконструирано спортско игралиште за мал фудбал, кое денес беше пуштено во употреба.
 
Во просториите на Дом на култура „Илинден“, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски додели Решенија за еднократна финансиска поддршка за спортисти кои се жители на Општина Илинден.
 
Во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта со засилено темпо се одвива градежната експанзија за подобрување на патната инфраструктура Општина Илинден во сите населени места.
 
Во Општинското основно училиште „Ристо Крле“ заврши реконструкцијата на кровната површина на централното училиште во Кадино.
 

Чистење на каналската мрежа во општина Илинден

Со цел да се продолжи со редовно чистење и одржување на каналската мрежа на територијата на Општина Илинден и во 2024 година, од страна на Општина Илинден е донесен Акционен план за чистење и одржување на каналската мрежа на територијата на општина Илинден за 2024 година со дефинирани вкупно 22 900 метри (главна, секундарна и терцијална каналска мрежа) во согласност Годишната програма за чистење на каналска мрежа на АД Водостопанство „Скопско Поле“ – Скопје и во согласност со потребите на граѓаните и правните субјетки на Општина Илинден.
 
Општина Илинден интензивно работи на реконструкцијата на улиците „9“ и “532“ во Марино, пришто денеска се изврши првата фаза од поставувањето на асфалт. Во оваа прва фаза асфалтирани се околу 380 метри.
 

Без струја село Бунарџик

Поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, на ден 11.09.2024 година, среда, без напојување со електрична енергија ќе остане село Бунарџик.
 
Општина Илинден со засилено темпо работи на изградба и реконструкција на спортските терени во повеќе населени места. Деновиве беше пуштено во употреба новото детско и кошаркарско игралиште во населено место Бучинци. Во рамки на детското игралиште поставени детски реквизити, лулашка, лизгалка, клацкалка, клупи, канти за отпадоци за почиста и поубава средина, партерно уреден простор со павер елементи.
 
Општина Илинден интензивно работи на подобрување на патната инфраструктура. Деновиве се асфалтираше на спојот на улиците н„10“ и улица „1“ во локалната економска зона Ограѓе, во населба Илинден.
 

© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.