Отстранети 100 кубни метри отпад од диви депонии во Ѓорче Петров

Во текот на изминатите два дена, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје, во координација со Градот Скопје, спроведоа акција за отстранување неколку диви депонии лоцирани во скопската општина Ѓорче Петров.

Во рамките на акцијата беа подигнати и транспортирани приближно 100 кубни метри претежно кабаст, градежен и мешан комунален отпад, при што се отстранети 60 кубни метри отпад од обемна дива депонија на улицата Црногорска, во близина на автобуската постојка, како и 40 кубни метри отпад од неколку помали диви депонии лоцирани на улиците Македонска војска, Христо Батанџиев, Борис Сарафов, Никола Пушкаров и Лука Геров.

Градот Скопје и ЈП Комунална хигиена-Скопје апелираат до граѓаните правилно и совесно да го одлагаат својот отпад и на тој начин да придонесат кон заштитата на животната средина и јавното здравје.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.