(Видео) Снимка од руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Вирално стана  видео од руски војник кој ги предупредува своите сонародници да не одат во војна.

Иако рускиот претседател Владимир Путин не прогласи целосна мобилизација, тој привлекува потенцијални регрути ветувајќи почетна плата од 160.000 рубљи (1.792 долари) месечно. Тоа е три пати повеќе од просечната руска плата, а се нудат и бонуси на регрутите.

Неименуваниот војник ги советувал своите сонародници, особено оние без претходно воено искуство, да не се борат само за пари. Видеото беше споделено на „Икс“, поранешен „Твитер“, од проукраинскиот профил „Вор транслејтед“

Војникот, кој вели дека имал претходно искуство, во видеото раскажува дека многу регрути дошле во војна за пари и дека брзо биле убиени.

 

https://twitter.com/wartranslated/status/1784860717159477315?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1784860717159477315%7Ctwgr%5Ea67b64

 

„Едниот беше 19-годишник кој немаше поим како да држи, наполни или расклопи автоматска пушка“, вели војникот.

До понеделник, видеото беше прегледано повеќе од 328.000 пати.

„Мислевте дека ќе биде лесно? Не е лесно. Јас само сакам да им објаснам на луѓето што се случува овде“, рече тој, опишувајќи дека ситуацијата не е како „во Втората светска војна, каде што само отидовте да убивате Германци“.

„Ова е модерна војна каде што треба да избегнувате касетна муниција, беспилотни летала и гранатирање. За оние кои сакаат да бидат херои… Можам да ви кажам дека дојдовте на погрешно место”, рекол војникот.

„Вашето херојство ќе исчезне кога првпат ќе влезете во борба и ќе го видите првиот труп. И вие може да завршите меѓу тие трупови“, вели тој.

„Тоа е многу страшно. Тоа е повеќе од страв – тоа е терор“, додаде тој, велејќи дека на бојното поле, регрутите исто така ќе мора да се борат со своите стравови за да избегнат дезертерство или заробување.

„Добредојдовте во пеколот, драги браќа, кои доаѓате за пари. Пред да донесете непромислена одлука, како што направив јас, треба да размислите 100 пати дали вреди. Или ви е доста од животот или сте тотални будали”. рече тој и додаде: „Патриотизмот брзо исчезнува кога ќе сфатите дека сакате да живеете“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.