„Центар преплавен во смет“: Герасимовски најави ригорозни мерки против „Комунална хигиена“

Општина Центар и ова утро беше преплавена во смет откога ЈП „Комунална хигиена“ повторно беше на продолжен одмор, велат од Општината. Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека се подготвуваат одредени законски измени, што ќе бидат доставени до министерствата со цел преземање на ингеренциите од Град Скопје.

 

„Сето ова што се случува со нехигиената е недозволиво ниту за центарци ниту за сите жители на градот Скопје. Подготвуваме неколку ригорозни мерки до комуналното претпријатие, па дури и кривични пријави за нивната негрижа, за неудостојувањето на нормалните услови за живеење на граѓаните. Како Општина ќе направиме сè за сето ова го стопираме. Побаравме и преземање на ингеренциите од комуналното претпријатија, беа и ние и другите скопски општини, сами си го собираме сметот. Во моментот имавме неколку состаноци со нашата правна служба, се подготвуваат одредени законски измени, што ќе ги доставиме до министерствата, и повторно ќе побараме како Општина и како општини да си ги преземеме ингеренциите и сами да си го чистиме сметот“, рече Герасимовски.

 

Герасимовски потенцира дека како жител, но и како татко, чии деца секојдневно се на улиците и н аспортските терени, нема да дозволи Центар да биде затрупан во смет.

 

„Комуналното претпријатие има одговорност и за поставување и за собирање на сметот од контејнери, но и сметот од сите булевари и зелени површини на територијата на општината и на градот. Бадијала ние имаме најголем број хигиеничари, дури 110, чија грижа за нашите улички е на високо ниво, но нечистењето на сметот ни прави дополнителен проблем на Општината, на хигиеничарите и на жителите. Срамота е во 21 век да говориме за хигиена и за нечистење контејнери и ширење зараза. Крајно несериозно и недозволиво е јавното претпријатие несоодветно си ги извршува своите работи. Затоа како Општина, како општини, ќе побараме да си ги преземеме ингеренциите и да го подигнеме нивото на здрава животна средина на многу повисоко ниво“, истакна Герасимовски во изјава за медиум.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.