„Нож и виљушка на европска чинија“ на 30 мај во Паркот на франкофонијата
- Детали
- Категорија: Центар
- Објавено: 28 Мај 2025
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, информира дека во петок, 30 мај, во Паркот на Франкофонијата со почеток од 18.00 часот ќе се одржи културно-гастрономскиот настан „Нож и виљушка на европска чинија“. Тој потенцира дека и годинава ќе се промовира културната разноликост преку претставување на традиционални македонски и европски гастрономски производи.
Дел од Центар денеска без вода
- Детали
- Категорија: Центар
- Објавено: 27 Мај 2025
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од Ф-80 мм на улицата Црвена вода бр. 24, Oпштина Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Санкционирани сто непрописно паркирани возила на територијата на Oпштина Центар во текот на една недела
- Детали
- Категорија: Центар
- Објавено: 26 Мај 2025
ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 19.05. до 25.05.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 100 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ.
Кражби во цркви во Сопиште и во скопски Центар
- Детали
- Категорија: Центар
- Објавено: 20 Мај 2025
Во СВР Скопје вчера во 09.00 часот било пријавено дека во периодот од 18.05.2025 до 19.05.2025 со употреба на физичка сила и погоден алат од објект во двор на црква на подрачјето на село Сопиште, скопско, биле одземени разни предмети и ѕвоно од камбанаријата.
Герасимовски: Услугата „Итно копче“ позитивно оценет од центарци, соработката со Црвениот крст сѐ повеќе се зајакнува
- Детали
- Категорија: Центар
- Објавено: 20 Мај 2025
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, синоќа присуствуваше на Свечената Академија по повод 80 години од основањето на Црвениот крст на Северна Македонија.
Герасимовски: Ги повикувам младите да се пријават за практикантство во Општина Центар
- Детали
- Категорија: Центар
- Објавено: 19 Мај 2025
Општина Центар објави јавен повик за практикантство, отворен од 19 до 29 мај 2025 година. Право на пријавување имаат студенти и апсолвенти од државни, приватни или меѓународни факултети, кои се жители на Општина Центар.
Изминатата седмица санкционирани 𝟣𝟢𝟥 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар
- Детали
- Категорија: Центар
- Објавено: 19 Мај 2025
ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 12.05. до 18.05.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 103 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ.
Герасимовски: Поставена нова подлога на детското игралиште во Капиштец, урбаната опрема да не се оштетува
- Детали
- Категорија: Центар
- Објавено: 19 Мај 2025
Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски информира дека викендов беше поставена нова подлога на детското игралиштe во паркот во Капишец, a реконструкцијата на паркот во оваа населба е во завршна фаза.
(Фото) Герасимовски: Улицата Дебарца готова до крајот на месецот, се работи со полна пареа
- Детали
- Категорија: Центар
- Објавено: 16 Мај 2025
Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во градежните активности за реконструкција на улицата „Дебарца“, каде се работи со засилена динамика.
Герасимовски на средба со центарци: Реконструирани 20 улици, подобрени условите во сите основни училишта и градинки
- Детали
- Категорија: Центар
- Објавено: 16 Мај 2025
Градоначалникот Горан Герасимовски, директорот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ Душко Коцевски и вработени од Oпштина Центар, вчера се сретнаа со жители на Центар кај плочникот кај Агромеханика кадешто заеднички дискутираа за проектите што се имплементираат за развој на Центар и се отворија сите важни прашања – од собирањето на млади на игралиштата и нарушувањето на јавниот ред, сѐ до проблемот со паркирањето, зеленила и оштетени површини.
Ограбена жена на улица среде бел ден во Центар
- Детали
- Категорија: Центар
- Објавено: 15 Мај 2025
Крадци нападнале и ограбиле жена на улица на подрачјето на центарот на Скопје.
Герасимовски: На спорното земјиште на улицата Киро Крстевски-Платник ќе никне простор по мерка на граѓаните
- Детали
- Категорија: Центар
- Објавено: 13 Мај 2025
Центар ја расчисти спорната парцела зад зградата на улицата „Киро Крстевски – Платник“, каде што претходно беше лоцирана диво изградена конструкција, известуваат од Општината.
Герасимовски: Отворен Јавен повик за „Нож и виљушка на европска чинија“, да се поврземе со светот
- Детали
- Категорија: Центар
- Објавено: 13 Мај 2025
По повод Меѓународниот ден на семејството 15 Мај, Општина Центар распишува Јавен повик за реализација на проектот „Нож и виљушка на европска чинија“, како дел од Годишната програма за култура на општината. Во рамките на овој проект, планирано е претставување на карактеристични производи од традиционалната македонска и европска храна.
Општина Центар објави повик за субвенции за санација на покриви и лифтови
- Детали
- Категорија: Центар
- Објавено: 12 Мај 2025
Општина Центар-Скопје објавува Јавен повик за финансиска поддршка за поправка и санација на постојни кровни конструкции и лифтови во колективни станбени згради на нејзина територија, согласно Програмата за комунални дејности за 2025 година.
Герасимовски: Со градинката „Пролет“ поставивме нови стандарди за детска грижа во Центар
- Детали
- Категорија: Центар
- Објавено: 09 Мај 2025
Градоначалникот Горан Герасимовски потенцира дека е пресреќен што во еден мандат, во рок од три години е отпочнат и завршен проектот за изградба на новата градинка во населбата Пролет, што е редок пример во државата.
Дел од Центар денеска без вода
- Детали
- Категорија: Центар
- Објавено: 08 Мај 2025
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска поради технички зафати во водоводната мрежа на улицата Филип Втори (пред хотелот Холидеј ИН) прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Филип Втори, Мирче Мацан, Мирче Ацев и Кеј 13 – Ноември, Oпштина Центар.
Герасимовски: Ја отворивме првата градинка во Пролет по 50 години, за нашите дечиња
- Детали
- Категорија: Центар
- Објавено: 08 Мај 2025
Денеска, Општина Центар свечено ја отвори новата градинка „Пролет“, современ објект изграден од темел според сите безбедносни и функционални стандарди, со капацитет на згрижување на 173 деца, на површина од 3.200 метри квадратни.
„Доделуваме 10 илјади денари за возачки испит на младите, безбедноста во сообраќајот е најважна“, извести Герасимовски
- Детали
- Категорија: Центар
- Објавено: 06 Мај 2025
Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека во тек е јавниот повик за доделување субвенции во висина од 10 илјади денари за полагање возачки испит на сите млади лица кои годинава ќе наполнат 18 години. Тој потенцира дека полагањето возачки испит е задолжително за сите оние кои сакаат да управуваат со моторно возило, а Општина Центар им помага на младите да се стекнат со теоретски и практички знаења за безбедно возење и едукација за сообраќајните правила од искусни инструктори.