
Доделени 56 стипендии на најуспешните ученици во Општина Бутел
- Детали
- Категорија: Бутел
- Создадено: 12 Јуни 2025

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, денеска додели 56 стипендии на најуспешните ученици од општинските основни училишта.
Локалната самоуправа четврта година по ред доделува стипендии на талентираните ученици.
Денес беа доделени стипендии на 11 првенци на генерација на три наставни јазици (македонски, албански и турски) во износ од 12.000 денари. Исто така, беа доделени стипендии на ученици од 5, 6, 7 и 8 одделение на три наставни јазици (македонски, албански и турски) во износ од 6.000 денари.
„Општина Бутел инвестира во образованието како никогаш досега. Образованието е еден од важните фактори кои ја формираат личноста и кој има огромно влијае врз понатамошниот развој на секое дете, обезбедувајќи сигурна иднина на новите генерации. Доделувањето на стипендиите е уште еден чекор за поддршка на учениците и најголема потврда за нивната посветеност, труд и напорна работа во текот на целата година“, соопштија од oпштината.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
