
Дуа Липа конечно потврди: „Да, свршени сме, многу е возбудливо“
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 13 Јуни 2025

Дуа Липа конечно ја потврди својата свршувачка со актерот Калум Тарнер по месеци гласини и шпекулации. Во интервју за британскиот „Вог“, пејачката, која во август полни 30 години, за прв пат јавно проговори за големата животна пресвртница.
„Да, свршени сме. Многу е возбудливо“, рече таа. „Одлуката да остариме заедно, да ги споделиме нашите животи и, не знам, да бидеме најдобри пријатели засекогаш, тоа е навистина посебно чувство“, додаде таа.
Гласините за романтично запросување започнаа кон крајот на минатата година, а оттогаш таа често се гледа со блескав дијамантски прстен на прстот.
Иако во моментов не размислува интензивно за свадбата поради нејзината концертна турнеја, таа признава дека нејзините мисли се повеќе се вртат кон фустанот.
„Сакам да ја завршам турнејата, Калум снима, па засега уживаме во овој период. Никогаш не сум била од типот на личност која сонува да се омажи или замислува каква невеста би била. И одеднаш си велиш: Хмм, што би облекла?“
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
