(Видео) Се урна патнички авион во Индија веднаш по полетувањето за Лондон: во него имало 242 патници

Патнички авион се урна на аеродромот во западниот индиски град Ахмедабад, објавија индиските медиуми во четврток, јавува CNN.

Не беше веднаш јасно колку луѓе имало во авионот или колку загинале.

 

https://twitter.com/i/status/1933080451343950054

 


„India Today“ пишува дека авион на Ер Индија што требало да лета за Лондон се урна кратко по полетувањето во близина на аеродромот Ахмедабад.

Авионот, Боинг 787-8 Дримлајнер, превезувал 242 лица, вклучувајќи 230 патници и 12 членови на екипажот. Снимките од областа покажуваат густ црн чад во воздухот, додека се чекаат повеќе детали за несреќата.

Летот е идентификуван како Ер Индија 171, за кој онлајн следењето на летот покажа дека бил во 13:10 часот, лет од меѓународниот аеродром „Сардар Валабаџ Пател“ во Ахмедабад до аеродромот „Гетвик“ во Лондон.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.