Објавен нов официјален портрет на Трамп: сериозен изглед и црна заднина

 

Белата куќа објави нов официјален портрет на американскиот претседател Доналд Трамп, кој го прикажува во малку потемно осветление од оној објавен пред неговата инаугурација во јануари. На најновиот портрет Трамп ја носи својата препознатлива црвена вратоврска, а неговото лице е нагласено со длабоки сенки, објави Си-би-ес.

 

Лицето на Трамп беше посветло на портретот објавен претходно оваа година, на кој носеше сина вратоврска. Претходната фотографија имаше американско знаме зад него, а новата верзија го прикажува Трамп пред црна заднина.

 

Двете фотографии ги направи главниот фотограф на Белата куќа, Даниел Торок.

 

Белата куќа сподели кратко видео од поставувањето на новиот портрет во зградата на извршната канцеларија „Ајзенхауер“. Службеник на Белата куќа изјави за Си-би-ес дека ажурираниот портрет набргу ќе ги замени официјалните фотографии на Трамп, кои веќе се во федералните згради и канцеларии.

 

Новата верзија е веќе ажурирана на веб-страницата на Белата куќа.

 

Официјалниот портрет од првиот мандат на Трамп го прикажува како широко се смее пред американско знаме и носи сина вратоврска.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.