
(Видео) Петрушевски: Јавното обвинителство да не се осмелува да го штити Филипче и да отвори истрага за него за модуларната во Тетово
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 05 Јуни 2025

Пет дена презентираме сознанија за вистината за Модуларната болница, кои до нас дојдоа од свиркачи, а според информациите кои ние ги поседуваме истите ги поседува и ЈО. Провизии кои чинат животи е афера која до срж го открива Венко Филипче и неговата вина за пожарот во Модуларната болница, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
„Деновиве презентиравме неколку сознанија: Венко Филипче дозволил изградба на модуларни болници без огноотпорни материјали. Филипче лично ја правел спецификацијата за изградба на Модуларната болница во Тетово, која надвор од закон и правила ја доставил до одговорната за набавката, а за ова постои и сведоштво од одговорното лице. Директорот на Болницата во Тетово одбивал да ја прими Модуларната болница и да се пушти во работа истата. Венко Филипче ден по несреќата кога цела Македонија тагувала, побрзал да го анексира договорот за градба со цел да се отстранат аномалиите кои сам ги дозволил. Анексот кој експресно го спремил е зголемување за 20% на цената на чинење на проектот. Сомнително е како Филипче ден по несреќата наместо да мисли за одговорност мислел како да извлече 20% повеќе. Вработени во Министерството за здравство по заминувањето на Венко Филипче одбивале да ги потпишат документите за штетните договори и анекси“.
Петрушевски го повика ЈО, да не се осмелува да го штити Венко Филипче и да отвори истрага за него.
Аферата „Провизии кои чинат животи” не смее да остане заташкана, вели тој.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
