
Словачка одобри продажба на месо од кафеава мечка: би можело да се најде на менито во рестораните
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 28 Мај 2025

Месото од кафеави мечки, кои се заштитен вид во Европската Унија, набргу би можело да се најде на менито во словачките ресторани откако владата одобри планови за продажба на овој вид месо, објавија денес словачките медиуми.
Минатиот месец владата одобри план за лов и отстрел на речиси една четвртина од вкупно 1.300 кафеави мечки по неколку фатални инциденти во кои се вклучени овие животни.
Државниот секретар во Министерството за екологија, Фили Куфа, објави на социјалните мрежи дека месото од легално фатени кафеави мечки ќе биде достапно за продажба и за јадење, објави порталот „Стартит“.
Некои од организациите за заштита на природата и опозициските политичари ја критикуваа оваа мерка, меѓу другите, во Европскиот парламент бидејќи кафеавата мечка се смета за претежно загрозен вид во ЕУ.
Куфа додаде дека целиот процес е легален и транспарентен, како и дека месото од застреланите мечки ќе се продава под услов да ги исполнува сите хигиенски барања.
Во периодот од 2000 до 2020 година во Словачка се регистрирани 54 напади од мечки, а последниот инцидент се случи во април кога животното уби човек во централниот дел од земјата.
Набргу потоа премиерот Роберт Фицо објави дека мечката ќе биде уништена, според написите во тамошните медиуми.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
