„Њујорк тајмс“: САД се загрижени дека Израел ќе го нападне Иран без предупредување

Американските претставници се загрижени дека Израел би можел да почне напади врз Иран поради нуклеарната програма на таа земја, без претходно предупредување, објави денес „Њујорк тајмс“.

 

Во извештајот се наведува дека американските разузнавачки служби веруваат дека Израел би можел да се подготви за напад за само седум часа давајќи им на САД време да извршат притисок врз израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да се откаже од таков план.

 

Весникот „Њујорк“ наведува дека американските разузнавачки служби се сомневаат во ефикасноста на едностраниот напад на Израел, а израелските претставници веруваат дека САД нема да имаат друг избор, освен да му обезбедат помош на Израел ако Техеран возврати, пренесува „Танјуг“.

 

Во извештајот исто така се наведува дека израелските претставници му кажале на Вашингтон дека нападот би можел да се изврши, дури и ако се постигне нуклеарен договор меѓу САД и Иран.

 

Овие изјави следуваа по извештаите за несогласувања меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер во врска со нуклеарната програма на Иран.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.