Мерц: Сите членки на ЕУ мора да ги зголемат трошоците за одбрана

Сите членки на Европската Унија мора да ги зголемат своите трошоци за одбрана, со цел да се пополнат празнините во одбранбената способност на блокот и да се обезбеди постојана поддршка на Украина, изјави денес новиот германски канцелар Фридрих Мерк.

 

„Само на овој начин можеме постепено да ги намалиме празнините во нашите капацитети и колективно да ја поддржиме Украина“, изјави Мерц за новинарите во Париз, на заедничката конференција со францускиот претседател Емануел Макрон, за време на која двајцата лидери ветија нов почеток за Европа предводена од француско-германската соработка, објави Ројтерс.

 

Германскиот канцелар, исто така, рече дека е потребен траен договор за прекин на огнот во Украина пред да можат да се дадат прецизни детали за безбедносните гаранции.

 

Посетата на Мерц на Париз е негово прво патување во странство како канцелар.

 

Како што е најавено, Мерц по Франција ќе ја посети Полска, а наскоро е планирана и посета на Украина.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.