Нов состанок на израелскиот воен кабинет

Воениот кабинет на Израел ќе се состане денеска за да го разгледа одговорот на иранскиот напад со беспилотни летала и ракети, изјави израелски претставник за „Си-Ен-Ен“.

Тоа ќе биде петти состанок на воениот кабинет откако Техеран почна масовен напад врз Израел ноќта кон саботата и неделата. Тоа беше, вели Иран, одговор на израелскиот напад врз иранскиот конзулат во Дамаск претходно овој месец.

Иранскиот напад беше прв во историјата во кој Иран пукаше директно кон Израел од своја територија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.