Шуто Оризари

Во Шуто Оризари точно една година нема матичен гинеколог, во знак на протест поставен транспарент

Иницијатива на жени од Шуто Оризари денеска со поставување на транспарент одбележа годишнина од немањето на матичен гинеколог во оваа скопска општина.

„8.000-13.000 жени во репродуктивен период немаат матичен гинеколог во Шуто Оризари, иако сме среде пандемија со Кoвид-19, откако пред една година гинекологот ја затвори својата гинеколошката ординација“, се наведува во соопштението на Иницијативата.

Од таму додаваат дека Министерството за здравство најавило отворање на нова гинеколошка ординација, но истата сѐ уште не е отворена и како што велат, репродуктивното здравје на жените од општината веќе подолго време е ставено во ризик.

Инцијативата на жени од Шуто Оризари апелира до Министерството за здравство најитно да ја заврши постапката за отпочнување на работа на гинеколошката ординација, како и да обезбеди трајно решение за овозможување на пристап до гинеколошки услуги на жените Ромки.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.