Шуто Оризари

Истражување: Околу 500 деца Роми не посетуваат настава во Шуто Оризари

Вкупно 482 деца Роми не посетуваат настава во двете основни училишта во скопската општина Шуто Оризари, покажуваат резултатите од истражувањето што во периодот мај-јуни годинава го спроведе Асоцијацијата „24 Вакти“ во рамки на проектот „Инклузија преку мобилизација“.

Според истражувањето, најкритичен е периодот од прво до петто одделение, кога најмногу децата Роми го напуштаат образованието. 

 

- За осипувањето на учениците од основните училишта има неколку причини како што се внатрешните и надворешните миграции, како и социо-економската ситуација кај Ромите, изјави Сали Мемед, координатор на проектот пред почетокот на денешната презентација на резултатите од истражувањето.

 

Најголем е процентот на 16-годишните деца кои се надвор од образовниот процес, по што следуваат оние со 15 и 14 години. Во дел од анализата направена по повод истражувањето се наведува дека не може да се очекува 14-годишни деца со завршено второ или трето одделение да се вратат во училишните клупи заедно со осумгодишните деца кои редовно посетуваат настава и се трето одделение поради што потребно е да се креираат посебни програми во рамки на редовното образование кои ќе овозможат проодност на овие деца во повисоките одделенија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.