(ВИДЕО) 75 години постоење на ФК Петровец

По повод јубилејот, 75 години постоење на ФК Петровец на фудбалското игралиште во Петровец се одржа пригодна манифестација на која присуствуваше и градоначалникот на општината, Борче Митевски.

Во знак на благодарност, претседателот на ФК Петровец му додели благодарница на градоначалникот Митевски за развојот на спортот во Општина Петровец и несебичната поддршка кон клубот долги години наназад, како и заради инвестирањето во новите трибини.

Фудбалското игралиште доби современ лик и истото ги исполнува условите за натпреварувања од втората македонска фудбалска лига.

Пред присутните гости, фудбалери и помагатели на клубот се обрати и градоначалникот Борче Митевски,  кој се осврна. пред се на инвестирањето во спортот и усмерувањето на младите генерации кон спортот, меѓусебното дружење на терените и држењето што подалеку од улицата и пороците на денешницата. Тој истакна дека секогаш ќе ги поддржува сите клубови кои се формирани на територијата на Општина Петровец, без разлика дали станува збор за фудбал, кошарка, ракомет, одбојка, бидејќи и тој самиот бил спортист и најдобро го познава спортскиот дух кај натпреварувачите. По повод овој голем ден за ФК Петровец и славењето на јубилејот, 75 години постоење, ФК АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ одигра пријателски натпревар со ФК ПЕТРОВЕЦ кој заврши нерешено 1:1. Вложувањето во спортот и младите секогаш било приоритет за Митевски, а така ќе остане и во иднина.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.