Хуманитарни пакети за 35 социјало загрозени семејства во Петровец

Општина Петровец со донација на прехранбени пакети, ја ублажи лошата состојба во која се наоѓаат семејствата во социјален ризик, на територијата на општината. Во текот на денешниот ден, беа поделени 35 пакети, на најранливата категорија граѓани.

 

Градоначалникот на општината, Борче Митевски, нагласи дека заложбите ќе бидат колку што е можно повеќе да им се помага на семејствата на кои помошта им е најпотребна. Ваквите хуманитарни активности општина Петровец ги практикува и во текот на целата година со цел да им помогне на социјално загрозените семејства.

 

Општина Петровец неколку години наназад покрај оваа активност за помагање на социјалните лица спроведува и хуманитарни акции со доделување на социјални пакети со прехранбени продукти и пред новогодишните празници и празниците Велигден и Бајрам, а помага и со доделување на дрва за одрев. Како што информираше градоначалникот на територија на Општина Петровец има околу 50-60 социјални случаи.

 

Од Општина Петровец информираат дека и понатаму продолжуваат со вакви акции и на секој можен начин да им помогне на оваа категорија луѓе преку спроведување на активности од хуманитарен карактер и помагање на социјално загрозените семејства.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.