ВМРО-ДПМНЕ: Заврши времето кога директорот на ФЗОМ од СДС трупаше пари во торба

Партијата чиј директор на ФЗОМ, Ден Дончев трупаше туциња пари во торба, во мизерен обид лаже и манипулира за работата на Фондот. Заврши времето кога директорот на ФЗОМ од СДС трупаше туцуња пари во торба, реагира ВМРО-ДПМНЕ на барањето на СДСМ за оставка на актуелниот директор на ФЗОМ.

 

„Заврши времето кога министерот Филипче договараше провизии од вакцини. Заврши времето на жути@јаху набавките. Заврши времето на обидите за приватизација на јавното здравство од Дубаи лекарот Филипче. За првпат по 8 години има инвестиции во здравството, заврши времето на матните тендери на СДС. Ги разбираме СДС за нервозата зошто работата во здравството ја гледаат низ призма на пари, тие бројат колку тендери би поделиле, и жалат за времето кое помина. Тоа време никогаш нема да се врати. Здравството сега се управува одговорно и за потребите на пациентите“, пишува во реакцијата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.