Наместо да филозофираат, Владата и Тошковски треба да ги фатат криминалците, а не да им дозволуваат на Ганиу и Меџити да уништуваат докази, вели Арсовска

Наместо во истрага за криминалот, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска на социјалните мрежи реагира дека институциите во Македонија активно учествуваат, поддржуваат и поттикнуваат криминал.

 

Како што појаснува во напишаното, Општина Чаир вчера во 14.44 часот до Агенцијата за катастар на недвижнини поднеле Решение за поништување на Решението кое го издадале за криминалната легализација со фалсификувани документи што ја откривме.

 

„Решението го антидатирале демек е направено на 02.05.2025 за да изгледа дека постапиле пред целиот криминал да биде објавен јавно, ама не можат да покријат дека вчера им е поднесен во катастар неколку часа по нашите пријави во МВР.

 

Срамот да биде поголем во обидот за прикривање докази активно учествуваат Владата и Министерот за внатрешни работи кои наместо да “филозофираат”, треба да постапуваат за да ги фатат криминалците, а не да дозволат тие да ги покријат нивните криминали.

 

До сега требаше да сте во општината и да ги имате обезбедено сите докази а не да им дозволувате на Висар Ганиу и Изет Меџити да си ги покриваат криминалите и да уништуваат докази“, истакнува Арсовска.

 

Потенцира дека Јавното обвинителство мора да постапи во разоткривање на криминалот кој, како што велат, се случува пред очите на целата јавност.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.