Возач загина на експресниот пат Прилеп-Градско – удрил во ограда, па уште еден камион излетал од патот

Тешка несреќа по која животот го загуби 42-годишен маж од Крива Паланка се случи синоќа околу 22.30 часот на експресниот пат Прилеп-Градско, пред приклучокот за автопатот Неготино-Велес.

Од МВР информираа дека животот го загубил А.Ѓ. кој управувајќи товарно возило „рено мастер“ излетал од коловозот и удрил во заштитна ограда. Тој првично бил пренесен во велешкта болница со тешки повреди, каде околу четири часа подоцна починал.

На погршно место и во погрешно време се нашол и М.В.(44) од селото Трубарево, скопско, кој управувал товарно возило „ман“. Во обид да го избегне „реното“, излетал од коловозот и удрил во метална ограда. Во моментот нема информација дали вториот возач се здобил со повреди.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судската медицина на обдукција. Извршен бил увид.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.