Собранието в среда ќе гласа за предлогот Трајко Славески да биде нов гувернер

В среда, 28 мај, ќе се одржи седницата за избор на гувернер на Народната банка (НБРМ).

Според информациите објавени на веб страницата на Собранието, сендицата ќе почне во 11 часот, а изборот на гувернер е прва точка на дневниот ред.

За оваа позиција претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го предложи актуелниот претседавач на Советот на Град Скопје, професорот Трајко Славески. Од нејзиниот кабинет по предлогот истакнаа дека при носењето на одлуката, претседателката се водела од стручноста и компетентноста, дигнитетот и интегритетот, како и реалната можност за именување на кандидатот.

ВМРО-ДПМНЕ најави поддршка за Славески, додека опозициската СДСМ соопшти дека нема да го поддржи, нарекувајќи го партиски кадар.

Славески, доколку биде избран за гувернер, ќе си замине од функцијата во Град Скопје. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.