Славески ќе си замине од функцијата претседавач во Советот на Град Скопје доколку биде избран за гувернер

рофесорот и претседавач на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, доколку биде избран за гувернер на Народната банка на Република Македонија (НБРМ), ќе си замине од функцијата во Град Скопје. Сè до изборот во Собранието, Славески вели дека нема да коментира за политиките и за мерките на монетарната политика, но одговори како технички ќе ги менаџира функциите.

„По евентуалниот избор за гувернер, поради неспојливост на функциите, ми престануваат членството во Советот на Град Скопје и функцијата претседател на Советот. Законот предвидува дека би можел да вршам наставно-научна дејност и понатаму, мислам без надомест. За тоа ќе одлучи Економскиот факултет, каде што сум професор“, вели Славески за „Макфакс“.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, вчера, во Собранието официјално го достави предлогот Славески да биде избран за гувернер на НБРМ и таму процедурата веќе може да почне. На Славески му треба просто мнозинство од 61 глас за да биде избран, а премиерот Христијан Мицкоски вчера рече дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за него.

Опозицискиот Социјалдемократски сојуз денес се изјасни дека нема да го поддржи оти, наместо експерт, на функцијата е предложен партиски пулен.

Славески во Советот на Скопје важи за еден од најлутите ривали на градоначалничката Данела Арсовска. Од говорницата во Советот на Скопје обајцата изминативе четири години си разменија безброј навреди и имаа многу јавни расправии и политички пресметки. Тој беше избран за претседавач во ноември 2021 година.

Доколку Славески биде избран за гувернер, на негово место, според Деловникот за работа на Советот на Град Скопје, советниците треба да изберат нов претседавач.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.