(Видео) Манасиевски до Филипче: Венко како беше одморот во Дубаи, Заев како е?

Здраво Венко, како си? Како беше на палмите во Дубаи? Заев како е, оди ли бизнисот? Харис Џиновиќ пееше ли повторно на ваша приватна забава? Сигурно од времето поминато на песочните плажи, Венко не е запознаен, но да ти кажеме дека камп за мигранти нема да има. Сигурно не си чул, но тоа го кажа и амбасадорот на Обединетото Кралство, кажа на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 „Сигурно си се заиграл на песоците во Дубаи и не знаеш дека парите од Обединетото Кралство ќе се користат за проекти, а не за плаќање на избори како во твое време?

 

А сега, ќе ти кажеме и каков нема да биде договорот со Обединетото Кралство.

 

Договорот нема да биде како твојот површен за градба на модуларни болници, полн со криминални моменти.

 

Договорот нема да биде ниту како крвавите тендери од 35 милиони евра, договорот нема да биде ниту како обидот за приватизација на јавното здравство како што ти пропагираше, ниту ќе биде како договорите со веледрогеријата Пановски, на чиј сопственик ќерката му ја постави директорка на Клиника, па редевте милионски тендери.

 

Договорот нема да биде ниту како тој за Стабри вакцините и профитерството во короната, ниту пак со маил жути јаху“, вели Манасиевски.

 

Во однос на трагедијата во Кочани, претседателот Мицкоски, додава тој, ги прими семејствата на загинатите од Кочани, но ти беше во Дубаи и не можеш да знаеш за тоа.

 

„И на крај, Венко нели ти е срам да збориш за Кочани? Кажа ли дали се согласуваш со пресудата за Модуларната болница со симболична одговорност на периферни ликови?

 

Венко те гризе ли совеста или воопшто не ти е гајле“, го праша Манасиевски Филипче.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.