„СДС и ДУИ преку своите корумпирани измеќари, судии и обвинители ја штитат мазут-мафијата, која направила криминал тежок 167 милиони евра“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

 

„Судиите и обвинителите избрани во Зајас и Струмица штитат криминалци. Судиите избрани во Мала Речица ги штитат бизнис интересите на Али Ахмети и Заев. Доказ за тоа е и Асмир Јахоски, кој излезе од притвор со гаранција во стан на фирма која дели иста адреса со фирмата на зетот на Али Ахмети“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

„Газдата на Пуцко Петрол излезе од притвор, а за Апелација гаранција се 2 милиони евра.

 

Јахоски е син на пратеник од ДУИ, со уште 13 лица е осомничен за злоупотреба на околу 170 милиони евра државни пари, за набавка на канцероген мазут со кој го загадувале воздухот.

 

Криминалците од СДС и ДУИ и нивните бизнис фаворити, како Јахоски, поради лукративни причини, провизии и бизнис зделки го труеле народот со канцероген мазут поради екстра профит и направиле огромен криминал.

 

Корумпираните судии и обвинители работат по насока на СДС и ДУИ и ги штитат нивните блиски бизнис партнери, за да делат проценти и провизии меѓусебно.

 

Спрегата помеѓу правосудството, СДС и ДУИ мора да заврши, корумпираните судии да одговараат, а владеењето на правото и правдата да профункционираат.

 

Времето на криминалци во политиката заврши“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.