
Почина Филип Аврамчев, поранешен директор на Универзална сала
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 07 Мај 2025

Либерално демократската партија соопшти дека почина Филип Аврамчев, нивен долгогодишен член и поранешен директор на ЈУ „Универзална сала“.
„Со длабока тага и неверување се збогуваме со Филип Аврамчев, наш долгогодишен член и актуелен член на партиските органи на ЛДП, докажан либерал и наш истакнат активист и борец.
Либерално демократската партија изразува длабока жал и сочувство до семејството Аврамчеви и најблиските роднини и пријатели.
Не постојат зборови кои можат да ја надоместат загубата и да послужат како утеха во мигови како овој, но Филип ќе го паметиме по ведриот дух, непресушните идеи за подобро утре и моментите поминати заедно како сопартијци, но уште повеќе – како пријатели и партиски другари.
Филип Аврамчев е роден во Скопје, своето образование го стекнува во родниот град, во Оклахома, Атина и во Женева. Помеѓу кариерата во приватниот сектор, беше дел од тимот во 2013 година ви Општина Центар, потоа беше директор на ЈУ „Универзална сала“ – Скопје, за на крај, државниот повторно да го замени со бизнис секторот.
Посмртните останки ќе бидат изложени утре, 8.5.2025 (четврток) во капелата на градските гробишта Бутел во Скопје во 11.00 часот.
Другар Филип, нека ти е лесна земјата и нека ти биде светол патот. Почивај во мир“, објави ЛДП.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
