
ВМРО-ДПМНЕ тврди дека водат развојни политики за подобар стандард на граѓаните
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 03 Мај 2025

Јавниот долг е намален за 4,7 процентни поени, сега е 57,7 отсто од БДП, Владата предводена од ВМРО -ДПМНЕ продолжува со развојни политики со цел подобар стандард на граѓаните., велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„По 7 години власт на СДС и ДУИ и лоши економски политики, слободниот пад во економијата е запрен, економијата се консолидира и заздравува. Економските развојни политики на владата вродуваат со плод. Се намали јавниот и државниот долг. Во првиот квартал од 2025 година, заклучно со 31ви Март, намален е јавниот и државен долг. Јавниот долг е 57,7% од бруто домашниот производ, а државниот долг е 50,1% од бруто домашниот производ. Ова е најниско ниво во последните пет години и споредено со состојбата од 2020 година, јавниот долг е намален за -2%, а државниот долг е намален за -0,7%. Овие податоци и индикатори се потврда за развојните политики што ги спроведува владата. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветеноста на реализација на инвестиции кои ќе донесат повисоки стапки на економски раст, со што на долг рок дополнително ќе се намали нивото на долгот. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи домаќински и континуирано работи на привлекување странски инвестиции, отворање на нови работни места и подобар животен стандард на граѓаните“, се вели во соопштението на партијата.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
