
ССМ денеска на протест со истото барање како и лани: Протестираме за најмалку 500 евра минимална плата
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 01 Мај 2025

Исто како и на ланскиот првомајски протест, и оваа година Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ги повика работниците и нивните поддржувачи на протест за најмалку 500 евра минимална плата, 100 евра зголемување на сите други плати и почитување на колективните договори. Минатата година претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, кога повикуваше на првомајски протест, рече дека од новата Влада ќе побара покачување на минималната плата уште во првите сто дена, но една година подоцна барањето не е исполнето, па и утрешниот првомајски протест ќе биде со истите барања.
„Нашите барања не се од денес, не почнаа вчера и нема да завршат утре. Протестот е начин на Први мај да изразиме незадоволство од висината на платите што ги примаат работниците во Македонија, а како што многупати сме кажале досега, тие се најниски во регионот, а да не зборуваме и за пошироко. ССМ ги повикува сите што му мислат добро на работникот во текот на утрешниот ден, Први мај, во 11 часот, да ни се приклучат на работничкиот протест со рута на движење Собрание – Стопанска комора – Влада. Денеска, синдикатите во Македонија имаат многу причини да излезат, да демонстрираат и да протестираат, а не да прославуваат. Денеска, имаме можност да покажеме дека сме тука за работниците“, рече претседателот на ССМ, Трендафилов.
На денешниот протест, Трендафилов, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека нема да има сендвичи, но ќе се протестира за работниците да може да се изборат не само за сендвич туку за да може да обезбедат далеку повеќе работи за семејствата.
Протестот ќе почне денска во 11 часот пред Работничкиот дом.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
