Апасиев: Европа, ваква каква што е, нема никакви вредности

Претседателскиот кандидат на Левица – Билјана Ванковска, синоќа ја продолжи својата предизборна кампања во Кавадарци и ја промовираше својата предизборна програма на народен митинг.

Заедно со претседателот на Левица – Димитар Апасиев и носителот во ИЕ 4 – Саше Јанчев, се обратија пред Кавадарчани и испратија моќни пораки.

„Јас ви ветувам дека 24ти ќе го дочекам достоинствено, спокојно, мирно. Јас имам идеја, идеологија, меѓутоа битката ќе биде долга. А, дека ќе победиме, секако ќе победиме. Гледам дека „баукот“ на Левица се уште ги плаши луѓето иако интимно ја сакаат. Ние чекориме незапирливо. Црбвениот бран, цунамито, надоаѓа и нека му ја мислат. Ќе победиме!”

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев се осврна на, како што рече, она што ни го продаваат како европски вредности. Кажа дека оваа Европа, ваква каква што е, нема никакви вредности. Истакна дека западните општества кои се декларираат како најдемократски, во моментов се општества на бездомници, општества со најголем број затвори и затвореници, општества со луѓе кои немаат здравствена заштита.

„Ова ли се тие општества кон кои ние стремиме? Ова ли се тие вредности? Само оној кој не гледа подалеку од носот, нема алтернатива”





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.