СДСМ: Само со СДСМ и Пендаровски Македонија може да биде членка на ЕУ

СДСМ и Коалцијата за европска иднина и претседателот Стево Пендаровски имаат јасна визија, знаење, храброст и конкретен план за обезбедување европска иднина на Македонија, велат од СДСМ.

„Граѓаните сакаат и заслужуваат да имаат уште поголеми плати и пензии, повеќе и подобри работни места, подобар животен стандард, подобро образование, подобро здравство, подобро владеење на правото, помалку корупција, сакаат да живеат во држава по европски стандарди. ДПМНЕ и Силјановска немаат план за европска иднина, на граѓаните им нудат враќање назад во мрачното минато, во неизвесност, нови залудно загубени години, нејасна иднина. Само со СДСМ и Пендаровски, Македонија може да биде членка на ЕУ. Нема откажување од иднината! Македонија ќе има проевропски претседател, Стево Пендаровски и проевропска Влада формирана од СДСМ“, пишуваат од партијата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.