Изложба на реномираниот британски уметник Ричард Дикон во Музејот на современата уметност
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 30 Мај 2025
На 3 јуни со почеток во 18 часот во Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде отворена изложба на реномираниот британски уметник Ричард Дикон.
Премиера на претставата „Кататонија“ во МНТ
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 30 Мај 2025
На 3 јуни, со почеток во 20:00 часот, на големата сцена на Македонскиот народен театар ќе се одржи премиерната изведба на претставата „Кататонија“, по мотиви на драмскиот текст на Алис Бирч, во режија на Васил Христов и драматург Викторија Рангелова-Петровска.
Второ издание на „ХАЈ-ФАЈ“ филмски викенд
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 29 Мај 2025
Oд 30 мај до 1 јуни, студентите од Факултетот за драмски уметности го организираат второто издание на студентскиот филмски фестивал „ХАЈ-ФАЈ“.
Отворање на Фестивалот „Викенд на гордоста – Скопје 2025“ на 3 јуни
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 29 Мај 2025
Фестивалот „Викенд на гордоста – Скопје 2025“ свечено ќе биде отворен на 3 јуни во 20:30 часот во Музејот на современа уметност со изложбата „ПАНК. СУПКУЛТУРА. СОЦИЈАЛИЗАМ. АРХИВИ И ФОТОГРАФИЈА ОД СЛОВЕНИЈА“ – голема архивска поставка што низ фотографија и документи го истражува словенечкото панк-движење од крајот на 1970-тите до средината на 1980-тите години.
Прогласени победниците на 15. Филозофски филмски фестивал, „Шамбала“ избран за најдобар долгометражен филм
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 29 Мај 2025
Вчера вечер се затвори 15. јубилејно издание на Филозофскиот филмски фестивал со проекција на Селекцијата на видеоесеи (селектор м-р Ивана Мирчевска) и „Витгенштајн“ од Дерек Џарман.
„Јон Вардар“ во трка за престижната награда Пулчинела во Италија
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 29 Мај 2025
На 29 мај 2025 година, првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ ќе ја има својата италијанска премиера на реномираниот фестивал Cartoons on the Bay во Пескара. Овој фестивал, организиран од италијанската национална телевизија РАИ, претставува водечки настан во Италија посветен на анимацијата, трансмедијата и визуелните уметности.
Љутков: Потенцијалот на културата и креативната економија како движечка сила за одржлив економски развој
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 28 Мај 2025
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска во Котор, Црна Гора, присуствуваше и се обрати на првиот состанок на министрите за култура од Западен Балкан, во организација на Британскиот совет, а во партнерство со Министерството за култура на Црна Гора. Состанокот се одржа како дел од Берлинскиот процес 2025, чиј домаќин оваа година е Обединетото Кралство. Оваа денешна средба во Котор, Република Црна Гора, претставува прво вклучување на министрите за култура од Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес.
„Народен пратеник“ ја претставува Македонија на регионалната театарска елита на јубилејното 70. „Стериино позорје“
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 28 Мај 2025
Македонскиот народен театар со претставата „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, во адаптација и режија на Егон Савин, на 1 и 2 јуни ќе учествува на 70. „Стериино позорје“, Нови Сад.
Операта „Аида“ од Џузепе Верди традиционално ќе ги затвори Мајските оперски вечери
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 28 Мај 2025
На 31 мај со почеток во 20.00 часот, величествената „Аида“ од Џузепе Верди, традиционално ќе го затвори 53.издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“. Спојот на традицијата со визуелната иновација, преточена преку футуристичката виртуелна сценографија ќе ја одведат публиката на патување низ древниот Египет раскажувајќи приказна за љубовта.
Македонскиот краток филм „Мала шега“ освои пет награди и се прикажуваше на 18 фестивали во земјата и странство
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 28 Мај 2025
Краткометражниот филм „Мала шега“ во режија на Трифун Ситниковски, досега се прикажуваше на 18 фестивали во Македонија и низ светот, меѓу кои во Данска, САД, Италија, Финска, Кореја, Нигерија, Бразил и Узбекистан. Филмот ја имаше својата светска премиера на престижниот „Оденсе интернационален филсмки фестивал“, каде билетите за првата проекција беа распродадени, а фестивалот го посетија над 250 гости од целиот свет.
Премиера на претставата „Кататонија“
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 27 Мај 2025
На 3 јуни, со почеток во 20:00 часот, на големата сцена на Македонскиот народен театар ќе се одржи премиерната изведба на претставата „Кататонија“, по мотиви на драмскиот текст на Алис Бирч, во режија на Васил Христов и драматург Викторија Рангелова-Петровска.
В четврток комеморација во МНТ за актерката Соња Каранџуловска
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 27 Мај 2025
На 29 мај (четврток) во 12:00 часот во Македонскиот народен театар, ќе се одржи комеморацијата за актерката Соња Каранџуловска.
Тажна вест: почина актерката Соња Каранџуловска
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 26 Мај 2025
На 77-годишна возраст почина актерката Соња Каранџуловска.
Македонскиот филм „Време на бетон“ на „Бит филм фестивал“ во Москва
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 26 Мај 2025
Долгометражниот документарен филм „Време на бетон“ во режија на Игор Иванов и во продукција на Скопје Филм Студио е селектиран во официјалната програма на престижниот фестивал Бит Филм Фестивал (Beat Film Festival) во Москва.
„Браќа Манаки“ и дистрибутерската куќа МЦФ организираат две специјални проекции на оскаровецот „Поплава“
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 26 Мај 2025
ИФФК „Браќа Манаки“, во соработка со дистрибутерската куќа МЦФ, во рамките на проектните активности на Јадранската мрежа на фестивалите, организира две специјални проекции на „Поплава“ – најдобриот анимиран филм оваа година.
Концерт на рускиот пијанист Дмитри Маслеев во Македонска филхармонија
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 26 Мај 2025
„Високи вибрации“ е насловен концертот кој ќе одржи в четврток со почеток во 20 часот во Македонската филхармонија на кој како солист ќе настапи врвниот руски пијанист Дмитри Маслеев, а диригент е Јерухам Шаровски од Израел.
Оперскиот спектакл „Турандот“ од Џакомо Пучини на 27 мај во рамките на 53. Мајски оперски вечери
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 26 Мај 2025
Националната опера и балет ја најавува спектакуларната изведба на оперското ремек-дело „Турандот“ од Џакомо Пучини на 27 мај 2025 година, со почеток во 20.00 часот. Настанот е дел од програмата на 53. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“.
Наградите на култниот режисер Кирил Ценевски се изложени во Кинотеката
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 26 Мај 2025
Кинотеката доби значајна донација од семејството на култниот македонски режисер Кирил Ценевски (1943-2019).