Концерт на „Квартет" во КИЦ на РМ во Софија

Музичкиот состав „Квартет“ (The Quartet) вечер од 18.30 часот ќе одржи концерт во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија.

 

 На програмата е Свитата за флејта и џез-пијано трио напишана од џез-пијанистот и композитор Клод Болинг во 1973 година. Ова музичко дело создадено за класична флејта е посветено на познатиот флејтист Жан Пјер Рампал и џез пијано трио (пијано, контрабас и тапани).

 

Албумот, на кој свиреле композиторот и пијанист Болинг и Рампал, во 1975 година бил номиниран за наградата „Греми“ за најдобра изведба на камерна музика.

 

Членови на „The Quartet“ се флејтистката Марија Јакимовска, пијанистката Билјана Петровска,  Динко Стипаничев (контрабас) и  Гоце Стевковски (тапани).

 

Од формирањето во април 2017 година, камерниот состав за кратко време реализираше повеќе концертни настапи во градовите низ Македонија.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.