Кампања во основните училишта во Кисела Вода за спречување последици од пиротехнички средства

Општина Кисела Вода во соработка со Министерството за внатрешни работи, СВР Скопје – Одделение за превенција и ПСОН – Кисела Вода започна со реализација на кампања во основните општински училишта, со цел да се делува во насока на спречување на несакани последици по безбедноста на учениците во периодот на претстојните новогодишни и божиќни празници.

 

Реализацијата на кампањата, соопшти Општина Кисела Вода, започна од ООУ „Круме Кепески“ каде пред учениците од седмо, осмо и деветто одделение полициски службеници одржаа едукативен час за превенција и за спречување последици од употреба на пиротехнички средства.

 

Волонтери од „Црвен крст“ на учениците им покажаа како да укажат прва помош при повреда настаната од петарди. Во периодот што следува вакви едукативни предавања ќе се одржат и во останатите основни училишта.

 

Претставници од Министерството за внатрeшни работи ќе остварат средби и со советите на родители при основните училишта пред кои ќе ја презентираат кампањата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.