До крајот на годината ќе се дислоцира Центарот за зависници

Дел од граѓаните на општина Кисела Вода, најавуваат блокади на улиците и институциите, со цел да успеат во намерата да го дислоцираат Центарот за зависници.

 

Во текот на вчерашниот дел, дел од жителите се собрале во близина на Центарот, за да ги договорт следните чекори, но и упатат порака до локалната власт, за потенцијалната опасност која доаѓа од зависниците.

 

Општина Кисела Вода очекува до крајот на годината да се реши пролемот со корисниците на Центарот за зависиници и тие да се дислоцираат. Од таму додаваат дека рокот за дислокација на болницата е продолжен поради се што се случуваше последниве месеци во државата.

 

Градоначалникот на Општина Кисела, Вода Филип Темелковски неодамна на прес-конференција информира дека тоа е еден од најголемите проблемите во општина Кисела Вода и рече дека има решение на кое се работи заедно со Министерството за здравство.  

 

– Во последниот период поради зголемен број инциденти во Центарот има и поголемо пристуство на полициски службеници и поради тоа ќе има средби со надлежните инситуции, рече градоначалникот, додавајќи дека имало рок до септември за решавање на проблемот, а сега дека очекува тоа да се реши до крајот на годината.

 

Дел од граѓаните бараат и Центарот да се пренамени во поликлиника за да не мораат децата од Кисела Вода да ги носат во Јане Сандански на лекар  и порачаа секоја општина да почне да се грижи за зависниците.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.