Градоначалникот Ѓорѓиевски и полскиот Амбасадор Тицињски на средба по повод реализираната донација

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и полскиот амбасадор Н.Е. Војциех Тицињски, денес го посетија ООУ “Партенија Зографски”. Ова е едно од училиштата во Кисела Вода, за кои Република Полска преку својата амбасада во Македонија, донираше 17 интерактивни табли, со цел унапредување и осовременување на наставниот процес.

-Со полскиот амбасадор Н.Е. Војциех Тицињски, досега остваривме неколку средби на кои разменивме информации и заеднички ги разгледавме сферите во кои е можна соработка помеѓу Општина Кисела Вода и Република Полска. Конструктивноста не тие работни состаноци веќе се огледува преку реализираниот проект за донација на интерактивни табли кои нашите ученици ги користат во својот образовен процес. Денес сме во ООУ “Партенија Зографски”, каде се поставени две интерактивни табли кои беа донација од полската амбасада, а Општина Кисела Вода обезбеди уште една, со што учениците полесно и на покреативен начин го совладуваат наставниот материјал. Убаво е кога се делат заеднички вредности, посебно кога тие се однесуваат на унапредувањето на квалитетот на образованието и за тоа сакам да искажам голема благодарност. Имено, после остварената донација од страна на полската амбасада, и неколкуте претходни инвестиции на Општина Кисела Вода, бројот на дигитални табли низ сите основни училишта во Кисела Вода се искачи на 52, како и 92 смарт телевизори кои се користат во наставниот процес. Претходно Општина Кисела Вода обезбеди и компјутер за секој наставник и целосно го опреми кабинетот по информатика во ООУ “Круме Кепески”. Ова говори за силната посветеност на оваа локална самоуправа за создавање на поквалитетно образование, како влог во иднината на Република Македонија. Секоја помош која е поддршка во исполнувањето на таа цел е добредојдена и многу ценета, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски кој на полскиот амбасадор му даде благодарница од името на општината и од сите училишта на територија на Кисела Вода.

Полскиот амбасадор се заблагодари лично и во име на Република Полска, го изрази задоволството од досегашната соработка и најави дека проектите од ваков тип ќе продолжат. Воедно, на градоначалникот Ѓорѓиевски му го честиташе изборот за Претседател на ЗЕЛС и му посака и понатамошна успешна работа.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.