Одобрени финансиски средства за проекти за заштита на животната средина во Карпош

Членовите на Советот на општина Карпош на денешната 27-мата седница дадоа согласност за објавување Јавен повик за изработка и реализација на проекти од областа на заштитата на животната средина и природата, и енергетската ефикасност. Станува збор за 1,5 милиони денари, буџетски пари од Општината, за кои ќе може да аплицирааат граѓански здруженија со предлог проекти од областа на животната средина и енергетската ефикасност. Комисијата што ќе ги оценува и одобрува проектите, ќе биде составена од членови на Советот од советничките групи од власта и од опозицијата, како и од претставници од општинската администрација.

 

Од Општината информираат дека советниците ја прифатиле Предлог-одлуката за доделување финансиски средства како помош за санација на дел од опожарена куќа на Сашо Зиковски, како и за лекување на Младен Ивановски.

 

На седницата, се прифатила и Одлуката за давање согласност за потпишување  Меморандум за соработка во областа на енергетската ефикасност во домувањето со Здружението за хумано домување „Хабитат Македонија“.

 

Биле изгласани и Годишните планови за вработување во 2020 година, во три детски градинки кои се наоѓаат на територијата на Општина Карпош „Мајски Цвет“, „Пролет“ и „Распеана младост“.

 

Предлог-решението за давање согласност за Годишниот план за изменување и дополнување на Годишниот план за вработување за 2020 година во десетте основни училишта: „Аврам Писевски“, „Братство “, „Владо Тасевски“, „ Петар Поп Арсов“, „ Јан Амос Коменски“, како и „Вера Циривири-Трена“, „Христијан Тодоровски-Карпош“, „ Лазо Трповски“, „Димо Хаџи Димов“ и „Војдан Чернодрински“, како што соопшти општината, исто така добило „ виза “ од советниците на Карпош.

 

На седницата се одлучло да се одобри финансиска поддршка за воспоставување и одржување советувалишен центар за жртви на семејно насилство чиј предлагач е Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство – Скопје, наведуваат од општината.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.