Зимските служби го отстрануваат снегот во Карпош

Зимските служби на Општина Карпош уште денеска почнаа да ги чистат покритичните, повисоки места во Општината. Во овие моменти се отстранува снегот во Жданец, Трнодол, повисоките места на Козле, Бардовци, Горно и Средно Нерези, како и долж сервисните улици во Карпош, се наведува во соопштението од општината.

 

На терен, од општината информираат дека активно работат два камиони со придружна механизација, при што се истурени поголеми количества сол во посочените урбани заедници. Локалната самоуправа го отстранува снегот и од пофреквентните места- пред влезови на градинки, тротоари, платоа и сл.

 

-Ангажирани се и хигиеничарите кои се дел од нашите комунални служби, кои со соодветна опрема и механизација придонесуваат за побезбедно движење на граѓаните. Хигиеничарите ќе работат и во вечерните часови, известуваат од Општината.

 

Оттаму упатуваат апел до сите правни лица, сопственици на локали да го исчистат околниот простор околу својот објект. Како што велат, тоа е нивна обврска согласно член 22 од Законот за јавна чистота.

 

-Освен тоа, потребно е и соработка од граѓаните во расчистување на снегот од коловозите, односно да ги отстранат своите возила од тротоарите и улиците (станбени и сервисни), со цел специјалните возила за чистење на снег непречено да се движат и да работат, повикуваат од општината.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.