Сензорна соба за деца со попреченост се отвори денеска во ОУ „Димо Хаџи Димов“ во Влае

Нова ресурсна соба за учениците со попреченост е отворена во просториите на ООУ „Димо Хаџи Димов“, во Влае. Оваа сензорна соба има за цел да го олесни воспитно – образовниот процес на учениците со попреченост, во моментите додека ја следат наставата.

 

Ресурсната просторија или сензорната соба е опремена со посебни реквизити, сензорно осветлување, дидактички материјали-играчки, коцки сложувалки, таблет, телевизор. Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев посочи дека оваа просторија со која се подобруваат условите за децата со попреченост е резултат на Меморандумот за соработка кој општината го потпиша со здружението ,,Дајте ни крилја„ во април годинава.

 

Претседателката на здружението „Дајте ни крилја“, Ребека Јанковска Ристески, која е заслужна за создавањето на оваа сензорна соба изрази голема благодарност до сите кои помогнаа да се направи оваа сензорна соба која ќе биде од голема корист за децата со попреченост.

 

 

Ваква сензорна соба неодамна беше отворена и во ООУ „Јан Амос Коменски“, а следно училиште кое ќе добие ресурсна просторија или сензорна соба, која ќе биде трета по ред, е  ООУ „Владо Тасевски“, во Козле.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.