Нов детски парк и урбан сквер во Карпош

Граѓаните од Нерези и Тафталиџе 2 во општина Карпош добија нов детски парк и урбан сквер.

 

Новиот парк денеска на денот на општината 3-ри ноември, го отвори градоначалникот Стефан Богоев, заедно со заменик  министерот за животна средина Јани Макрадули и со заменик министерот за култура Владо Лазовски, како и со претседателот на Советот на општина Карпош, Андреј Манолев и советниците.

 

На отворањето на паркот Богоев, како што информираат од општина Карпош, посочил дека во него се засадени нови 15 дрва и нови растенија–лаванди, а поставените детски реквизити се од еколошки материјали.

 

Во рамки на одбележувањето на Денот на Карпош, изминатата недела беа организирани хуманитарна и крводарителска акција, засадени 200 нови дрвја и донирани прочистувачи за воздух за градинката „Орце Николов" во Карпош 4, информираат од општината. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.