Кастрење на суви гранки во Карпош

Деновиве ЈП Паркови и зеленило спроведува акција за кастрење на гранки на повеќе улици во урбаната заедница Карпош 4. Акцијата се одвива на улица ,,Волгоградска”, ул. “Вич”, ул. “Разловечко востание”, ул. “Никола Парапунов” и бул. “Партизански одреди”.

 

Како што информираат од Карпош акцијата се спроведува по барање на граѓани и заедници на станари, а по претходно извршена стручна проверка и издадени решенија за кастрење на суви гранки.

Исто така, теренските работници ќе ги отстрануваат и паднатите гранки и дрва од невремето кое се случи неодамна.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.