Јакимовски до ВМРО-ДПМНЕ: И сега се пазарат и ќе гласаат за „Алумина“, се познаваме добро

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, реагира на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ продолжува со смешните соопштенија за проектот ‘Алумина’. Многу нѐ потсетуваат на кокошката што ја бркал петелот, а таа си викала: „Да застанам?! Или… Море ај да свртам уште некое кругче да не помисли дека сум лесна женска“. Вака Мицкоски и неговата арамиска дружина вртеа кругчиња и за проектот ‘Ист гејт’. Вртеа, вртеа и застанаа тогаш кога го договорија пазарот. Јавноста да не се возбудува во врска со пресовите и соопштенијата на ВМРО-ДПМНЕ. И сега се пазарат и ќе гласаат за ‘Алумина’“, се наведува во реакцијата на Општина Карпош.

„Изградбата на ‘Ист гејт’ и објектот околу него е убав проект, но јас сум сигурен дека нашиот проект во Карпош е најубав. А Мицкоски се декларира дека работи за доброто на граѓаните. Јас знам дека и сега ќе гласа за доброто на граѓаните, ама во анкетната предигра малку да изработи и за себе. Нема потреба од нервоза, се познаваме добро“, се додава во реакцијата на Општина Карпош.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.