„Пред еден ден гореа старите бараки, а веќе денес oпштина Карпош објави презентација за нов ДУП со 16 нови згради на истата локација“, вели партијата Левица

„Се остваруваат црните предвидувања на карпошани дека на местото на работилниците на поранешно ГП Маврово, насилно се подготвува терен за новиот ДУП за Градска четврт С3 26! Неверојатна случајност е дека општината токму сега се одлучува да го презентира овој план“, вели партијата Левица.

„Но, она што е сигурно е дека повторно се обидува шверцерски да се изигра мислењето и судот на жителите, со давање само 6 работни дена за поднесување на анкетни листови за истиот, и тоа само во бараките на Општина Карпош!

И овој обид на Јакимовски да удоволи на желбите на инвеститорите нема да биде поддржан од советниците на Левица во Карпош и повторно ќе излеземе во пресрет на жителите на Влае за заштита на нивната заедница“, се додава во соопштението на партијата Левица.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.