Левицата: Јакимовски во обид шверцерски да се донесе ДУП за Влае 2 и да продолжи со бетонизација на Карпош

Пред само 3 месеци беше поништен регулацискиот план за овој дел од Влае, а општинската администрација повторно се обидува да го помине овој план пред јавноста, со минимални измени, велат од Левицата.

„Одбиениот предлог беше оспорен поради повеќе штетни точки што тој ги предвидуваше, како, на пример, станбен комплекс од 12 ката наместо парк, верски објект на местото на инклузивно детско игралиште, вцртување нова улица и паркинзи во деловите околу основно училиште и во просторот за зеленило итн.

Во обид да избегне повторна блокада на овој предлог, односно да ги заобиколи волјата и интересите на жителите на Влае, Јакимовски дава минимален рок и остава само 5 дена за граѓаните да извршат увид и да поднесат забелешки до Општината. Дополнително, овој пат анкетните листови се прифаќаат само во просториите на Општина Карпош, а не и во месната заедница во Влае, со што дополнително се комплицира целата постапка“, соопшти Левицата.

Од таму велат дека тие заедно со жителите на Влае и другите организации, кои ја поддржуваат оваа битка, ќе направат сè за да се спречат „желбите за профит на инвеститорите да надвладеат над интересите на карпошани“.

Јавната презентација за јавноста ќе се одржи во бараките на Општина Карпош в четврток со почеток во 13 часот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.