Чистење и одржување на каналската мрежа во Општина Илинден

Во рамки на проектот „Редовно чистење и одржување на каналската мрежа и речните корита”, Општина Илинден во координација со Водостопанство „Скопско Поле” – Скопје интензивно работи на чистење на каналите и пробивање на нови, со цел проточност на каналската мрежа како и заштита на имотите на граѓаните од поплави на куќите и имотите во сите населени места, информираат од Општина Илинден.

Во таа насока, во тек е чистење на Главен канал, Горна зона во централниот дел на н.м Марино и н. Илинден, каде се исчистени 3000 метри од предвидените 4000 метри. Исто така, во тек е чистење на терцијален канал во н.м Мралино на потегот од гробиштата кон автопатот, каде исчистени се 500 метри од предвидените 1200 метри. По барање на  граѓаните пробиен е канал во должина од 200 метри од улица „4” до вливот во Главен канал и 50 метри од улица „4” кон секундарниот канал Азмак.

Согласно Акциониот план за чистење на каналската мрежа на територија на Општина Илинден, се исчистени 23 200 метри од предвидените 23 900 метри.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.