Нови линии за улично осветлување на повеќе локации во општина Илинден

Општина Илинден, како што велат оттаму, и оваа година продолжува со реализација на проектот „Илинден-Светла Општина”, кој опфаќа проширување и модернизација на уличното осветлување, со поставување нови линии на улиците во сите населени места, поставување на електрични столбови, зголемување на бројот на електрични светилки и тековно одржување на јавното осветлување.

Во рамките на овој проект поставени се нови линии на улично осветлување во повеќе населени места на територија на општина Илинден со вкупна должина од околу 1300 метри. Поставена е нова линија во Јака на дел од улиците „103“, „112“, „114“, „116“ и дел од улица „118“. Во населено место Бујковци поставена е нова линија на улица „6“ во должина од 250 метри.

„Екипите на ЈКП „Илинден“ покрај активностите за поставување на нови линии за улично осветлување, вршат и докомплетирање на постојните линии и се вршат интервенции за отстранување на оштетените сијалични места пришто се вградуваат нови. Општина Илинден и ЈКП „Илинден” и во наредниот период ќе продолжат со поставувањето на нови линии во сите населени места, со цел посветла Општина Илинден“, велат од Општина Илинден.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.