Деновиве во Скопје ќе се прска против комарци, и од земја и авионски

Град Скопје ги известува граѓаните дека во текот на наредните неколку дена на подрачјето на градот Скопје ќе се врши терестрична и авионска дезинсекција против комарци.

1. Терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе се одвива од утре (22.6.2022 година, среда) до сабота (25.6.2022 година), во периодот од 22 до 3 часот наредниот ден;

2. Авионската дезинсекција против возрасни форми на комарци, пак, ќе се одвива на 25.6.2022 година (сабота) и на 26.6.2022 година (недела) во раните утрински часови.

Доколку временските услови не дозволуваат да се прска, дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, и тоа во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.