ЈСП: В понеделник, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, а Жичарницата ќе работи вообичаено

ЈСП информира дека поради Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај и верскиот празник Рамазан Бајрам, в понеделник, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.

В понеделник, од 7 до 14 часот дежурни ќе бидат билетарниците на Транспортен центар, Зелено пазарче и билетарницата во Ѓорче Петров.

Утре, сабота, сите билетарници и центри за персонализација ќе работат вообичаено, а недела е неработен ден за сите продажни места.

Жичарницата за време на претстојниот викенд, како и во понеделник ќе функционира вообичаено, од 10 до 18 часот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.