За викенди и државни празници бесплатен паркинг кај „Дом на печат“

Градот Скопје и ЈП „Градски паркинг“ ги известуваат граѓаните дека поради повторното ставање во употреба на жичницата од Средно Водно до Милениумскиот крст и можноста бесплатно да се возат во автобусите на ЈСП на линиите со број 25 (Транспортен центар – Средно Водно), број 25А (Автомакедонија – Средно Водно) и број 25Б („Дом на печат“ – Средно Водно) за време на викендите (сабота и недела) и на државни празници, на јавното паркиралиште „Дом на печат“ рампите ќе бидат кренати (за време на викенд и на државни празници).

Исто така, на јавното паркиралиште зона А0, на Средно Водно, за време на викендите (сабота и недела) и државните празници ќе биде зголемен бројот на контролорите за паркирањето и на инкасантите за наплата.

 

 

Градот Скопје апелира до граѓаните своите возила да ги паркираат исклучиво на обележаните паркиралишта во градот и да го чуваат зеленилото и јавните површини од оштетување.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.