Мини зоолошка градина отворена во училиштето „Браќа Миладиновци“ во Скопје
- Детали
- Категорија: Град Скопје
- Создадено: 11 Јуни 2021
Во Средното земјоделско-ветеринарно училиште „Браќа Миладиновци“ во Скопје отворена е мини зоолошка градина – ЗОО Парк.
Во реновираната зоолошка градина има повеќе од триесет различни видови животни.
Оваа зоолошка градина во дворот на училиштето постои веќе повеќе години и е дел од практична настава за учениците, а од вчера таа официјално е отворена за сите посетители.
Влезот е слободен, односно со донирање на симболична сума, секој ќе може да влезе и да го посети ЗОО Парк во средното училиште „Браќа Миладиновци“.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс