Утре без вода и струја улици од скопските општини

Од ЈП Вододовод и канализиција информираат дека утре, 28.01.2021, заради реконструкција на мрежа од Ф 400 mm на Булевар Никола Карев ББ, прекинато водоснабдување ќе има резиденцијата на МПЦ, куќите и фирмите во Момин Поток.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот и ќе трае се до санирање на дефектот.

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа,  утре без електрична енергија ќе останат следните корисници:

од 09:00 до 12:00 часот, дел од ул. Антон Панов (од бр. 53 до бр. 59). (Општина Гази Баба)

од 09:00 до 12:30 часот, дел од с. Арачиново (во околината на горната џамија). (Општина Арачиново)

од 10:00 до 13:30 часот, ул. Елисие Поповски Марко од бр. 1 до бр. 29, ул. Шарски Одреди од бр. 1 до бр. 7, ул. Козара од бр. 11 до бр. 26 и ул. Мајка Тереза од бр. 12 до бр. 20. (Општина Центар)            





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.